07.03.2024 Скопје
Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ изјави дека Претседателството на СНС не донело одлука за мандатот за состав на влада.
Како што изјави, тоа ќе биде направено во деновите што следат.
Вучиќ рече дека на вчерашната седницата се разговарало за кандидатот, но дека претседателот на партијата Милош Вучевиќ предложил да се почека уште седум до 10 дена, а потоа тој да излезе со таа кандидатура.
„Што се однесува до мандатарот, тој мора да биде прв во тимот, разговаравме за тоа, но не донесовме конечна одлука, сепак имаме некои дилеми и работи кои не се ни лични туку системски, тоа треба да го решиме во деновите што претстојат, системот да почне да работи, земјата да напредува забрзано, а ние да одиме напред со нова сила и енергија“, изјави Вучиќ по седницата на Претседателството.
Подготвено од А.Ѓ.