Klaus johanis romanija

13.03.2024 Скопје

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, соопшти дека одлучил да се кандидира за генерален секретар на НАТО.

„Одлучив да се приклучам во трката за позицијата генерален секретар на НАТО. Мислам дека НАТО треба да го обнови својот поглед на својата мисија. Источна Европа има вреден придонес во дискусиите и одлуките на НАТО“, им рече Јоханис на новинарите.

Во последните недели западните медиуми пишуваат дека главен фаворит за нов прв човек на Алијансата е холандскиот премиер во заминување Марк Руте.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истекува годинава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author