https://www.flickr.com/photos/whatisnext/14103654933/in/photolist-nuhVfn-cXLDCA-Z1ZbYi-XSFeDf-9UATkA-5SuZMW-ZaNwCs-yV5hkV-iBo8LM-7WaG8J-ac336f-EW5vp-pxBka2-iBoPTG-kLKDPQ-HsfQBK-puAnLM-5J5Cdb-xTNDCW-6p8f4g-bVSY5N-snnPJR-bAYqrm-iBohkE-iBohau-28Gsd15-54sCFB-ZYXCbF-25BsHqx-2CrPon-NsKfdC-avTZFM-214XUdE-RqqQ8c-2cLrAPA-oK3JT7-a66Vv1-2cLrAHJ-25zCTfu-oP29x2-rWTeXR-St4h5i-2cLrAFj-ZsvYNd-2RjDPd-6p8FDh-q1PAX6-2bJKmGd-28LycjB-2dmFSYj

06.03.2024 Скопје

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка, отворајќи го патот на коалициониот партнер, централно-десничарската партија ГЕРБ, да ја води владата според договорот постигнат по минатогодишните избори.

ГЕРБ и прозападниот блок во кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат.

Оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот. Не беше кажано кога Габриел ќе положи заклетва.

И покрај договорот, коалицијата може да се распадне поради спорови меѓу партнерите за тоа како да се продолжи по оставката на Денков.

ГЕРБ инсистира Габрил да ја задржи и функцијата министер за надворешни работи покрај премиерската и предлага ротација на секои 15 наместо девет месеци. Преговорите се уште се во тек за двете прашања.

Се очекува двете страни до петок да објават дали постигнале договор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author