15.03.2024 Скопје
Забележани се прекини на Интернет во десетина земји низ Африка поради дефекти на неколку подморнички телекомуникациски кабли, соопштија локалните власти.
„Нашите операции активно работат на пренасочување на сообраќајот преку алтернативни мрежни патеки“, се вели во соопштението на јужноафриканската МТН, еден од најголемите мрежни провајдери на континентот.
Исик Матер, директор за истражување во организацијата „NetBlocks“, рече дека во последните години во Африка се случуваат прекини на мрежата, но тој посочи дека денешното укажува на „нешто поголемо“.
NetBlocks изјави дека преносот и мерењето на податоците покажуваат големо нарушување на каблите на подморската мрежа.
Прекини на интернет беа пријавени во Либерија, Гана, Буркина Фасо и Брегот на Слоновата Коска, меѓу другите.
Подготвено од А.Ѓ.