27.03.2024 Скопје
Израел ги отповика своите преговарачи од Доха откако разговорите за привремено примирје во Појасот Газа дојдоа до „ќорсокак“ поради барањата на Хамас.
Официјалниот претставник го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за „саботирачка дипломатија“ како дел од, како што рече, поширокиот напор да се разгори војна за време на Рамазан.
Израелски официјален претставник изјави дека Израел се согласил да го удвои бројот на Палестинци што ќе ги ослободи од израелските затвори на 700 до 800 во замена за ослободување на заложниците и да дозволи некои раселени Палестинци да се вратат во северниот дел на Појасот Газа.
Израел и Хамас ги зајакнаа разговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за ослободување на 40 од 130-те заложници кои сè уште ги држи палестинската милитантна група во Газа.
Хамас побара договорот да ги прекине борбите и да ги повлече израелските сили, како и да ги врати раселените Палестинци на северот од Појасот Газа.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Хамас поставил „илузорни“ барања, кои според нив покажуваат дека Палестинците не се заинтересирани за договор.
Хамас го обвини Израел за застој во преговорите додека ја извршува својата воена офанзива.
Израел во понеделникот објави дека ќе ја продолжи воената операција насочена кон уништување на Хамас.
Подготвено од А.Ѓ.