daunov sindrom dete

22.03.2024 Скопје

Никола Стојановски годинава го завршува средното училиште, но на патот на образованието се соочил со низа предизвици и пречки. Успеал да го заврши со голема поддршка и постеветност од неговата мајка.

Но, државата со години не го носи законот за средно образование со кој ќе се обезбедат образовни асистенти за учениците со даунов синдром, кој ќе го олесни образовниот процес и ќе овозможи поголема инклузија. Овој закон веќе со години се најавува, но се уште не е донесен во Собранието.

Но, ова не е единстевниот проблем, државата исто така нема ниту доволно дневни центри во кои ќе престојуваат лицата со Даунов синдром. И тие што ги има се на располагање само во ограничен временски период, кога родителите мора да одат на работа. Стојановска посочува дека и натаму се потребни системски решенија во чие носење, треба да бидат вклучени и родителите на децата со Даунов синдром.

21 март е светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Овој датум е симболично означен на 21-от ден од 3-от месец во годината, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром. Мотото годинава гласи „Да престанеме со предрасудите“. Според статистиките околу едно од 800 до 1.000 бебиња  се раѓа со овој синдром.

Подготвено од М.Д.

About Author