25.03.2024 Скопје
Постои системска слабост која што овозможува ризик од корупција по основ на донациите на правните и физичките лица кои ги уплатуваат на сметките на политичките патрии. Ова е став на новата претседателка на Државната комисија за спречивање на корупцијата Татјана Димитровска. Димитровска вели дека тоа што Изборниот законик дозволува уплата на средства на трансакциската сметка на политичките партии и по објавувањето на конечните резултати од изборите предизвикува сомнеж за коруптивни зделки во иднина помеѓу донаторот и евентуалниуот победник на изборите.
„По објавување на конечните резултати од изборите е овозможено уплата на донации. Наша препорака и како претходно вреаботена во Државниот завод за ревизија и сега како претседател на комисијата е дека не смее да се дозволи уплата на донации по објавување на конечните резултати. Односно, потребно е истите да се уплатат до завршување на изборната кампања“, вели Татјана Димитровска претседателка на ДКСК.
Александар Новаковски кој е поранешен претседател на Државната изборна комисија вели дека на партиите им се остава можност да примаат донации на наменската сметка и до 30 дена по завршувањето на на кампањата се со цел, тој вакум да се искористи во случај ако има прегласување на изборите. Во тој случај, партиите имаат право да добиваат средства на трансакциската сметка, но доколку нема прегласување, во рок од 24 часа ќе мора да достават финансиски извештај до ДИК и сметката за донации да ја затворат.
Подготвено од М.Д.