14.03.2024 Скопје
Големите африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана, кои преработуваат какао, ги прекинуваат активностите бидејќи не можат да си дозволат да го купат суровото растение во форма на зрна.
Тоа значи дека цената на чоколадите, чии производители веќе ги зголемија цените за потрошувачите, најверојатно ќе порасне ширум светот.
Ваквата состојба настана по три години лоша жетва на какао, а четврта се очекува во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на ова растение.
Какаото е повеќе од двојно поскапено во текот на изминатата година, па производителите на чоколади не можат да си го дозволат тоа и се потпираат на преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и пијалак, кои ќе можат да ги користат за правење чоколадо.
Преработувачите, како што е една од најголемите државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, истакнуваат дека не можат да купат жито поради високата цена.
Според изворите, повеќе големи државни фабрики наскоро би можеле да бидат затворени во Брегот на Слоновата Коска, каде што се наоѓа речиси половина од светското производство на какао.
Повеќето од осумте фабрики на вториот по големина производител во Гана, вклучително и државната компанија за преработка, постојано ја стопираа работата со недели од почетокот на сезоната во октомври.
Подготвено од А.Ѓ.