02.03.2024 Скопје
Шефот на Пентагон на последното сослушување во американскиот Конгрес изјави дека поразот на Украина би довел до војна на НАТО со Русија, потенцирајќи дека рускиот претседател „нема да запре“ во обидите „да ги заграби суверените територии на своите соседи“.
Според Остин, балтичките земји се длабоко загрижени дали тие ќе бидат следните.
„Тие гo знаат Путин, знаат на што е тој способен. И, искрено говорејќи, ако Украина претрпи пораз јас навистина сметам дека НАТО ќе војува со Русија“, истакна тој.
Шефот на Пентагон повика да се продолжи со поддршката за Киев. Од негова гледна точка, во спротивно, НАТО „ќе застане на многу опасен пат“.
Подготвено од А.Ѓ.