11.03.2024 Скопје
Портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари, соопшти дека единаесет лица се сметаат за исчезнати, а 26 се загинати.
Привремено засолниште мораа да бараат 75.000 луѓе.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во областа Песисир Селатан во провинцијата Западна Суматра, принудувајќи 75.000 луѓе да побараат привремено засолниште.
Додека дождот се уште врне, метеоролошките услови и прекинот на електричната енергија ја отежнуваат работата на спасувачките служби. Тие вчера успеаја да стигнат до најтешко погодените подрачја и да им поделат помош на евакуираните, особено шатори, лекови и храна.
Во невремето оштетени се стотици куќи, но и мостови, џамии и јавни објекти.
Свлечиштата се редовна појава во Индонезија за време на сезоната на дождови, а во некои области проблемот се влошува со уништувањето на шумите.
Подготвено од А.Ѓ.