koridor izrael saudiska arabija evropa

12.03.2024 Скопје

Силни грмежи и обилни врнежи од дожд со поплави ги погодија пустините во Југозападна Азија, односно на Блискиот Исток.

Невремето со многу обилни врнежи се движеше низ југоисточните делови на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Подрачјата лоцирани во песочната пустина добија многу обилни дождови, поплави и порои, како и силни грмотевици.

Најинтензивни грмотевици имало во поширокото подрачје на Дубаи, каде за неколку часа наврнале 56 литри дожд на метар квадратен, а просекот за цела година е 80 литри. Инаку, со оглед на тоа што оваа област наврна 40-50 литри во уште еден бран невреме пред нешто помалку од еден месец, гледаме дека во два наврати наврнале повеќе дожд во еден месец отколку во цела година.

Во претходните два дена невремето беше проследено со силни грмотевици, поплави и порои, со оглед на тоа што сувата пустинска почва не може да прифати огромно количество атмосферска вода во краток интервал, па имаше големи поплави и порои. Многу од пустинските области се под вода, но и урбаните делови на Абу Даби и Дубаи, како и други поголеми градови и населени места.

Имаше град, но и силен ветер со налети од над 100 км/ч, па причинета е и материјална штета.

На некои места бурите се претворија дури и во мини торнада, а многу области беа погодени од песочна бура, па видливоста беше намалена на неколку метри.

Инаку, март е во просек најврнежливиот месец во Дубаи и неговата околина и во просек за три дена паѓаат околу 20 милиметри дожд на метар квадратен, додека сега за неколку часа паднаа 56 мм, а на 12 февруари и вчера речиси вкупно наврнале 100 mm, додека просечните врнежи за цела година се 80 mm, а во копното помалку од 50 mm. Од април до ноември во просек паѓаат само 10 mm, а температурите достигнуваат и до 50°C.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author