polska zname

11.03.2024 Скопје

Војниците на НАТО се веќе присутни во Украина, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, без да даде повеќе детали.

„Војниците на НАТО се веќе присутни во Украина“, рече Сикорски за време на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО, заблагодарувајќи им се на претставниците на членките на НАТО кои, наводно, испратиле војници во Украина.

Тој не го прецизираше бројот на војниците или нивната земја на потекло.

По конференцијата за Украина организирана од Париз на 26 февруари, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека западните лидери разговарале за можноста за испраќање војници во Украина и, иако не е постигнат консензус, ништо не може да се исклучи.

Сикорски во петокот, 8 март, рече дека присуството на силите на НАТО во Украина „не е незамисливо“, додавајќи дека ја цени иницијативата на Макрон за можноста за испраќање западни трупи во Украина.

Во меѓувреме, полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека Полска треба да изгради голем аеродром за трансфер на силите на НАТО.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author