polska

15.03.2024 Скопје

Полската влада одлучи да отповика повеќе од 50 амбасадори назначени од претходната влада на партијата Право и правда, а реконструкцијата на надворешната политика на земјата ја поддржа премиерот Доналд Туск, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

„Владата верува дека неопходната промена на полските амбасадори ќе помогне на подобар и попрофесионален начин да се решат тешките предизвици со кои се соочува полската надворешна политика денес“, се наведува во соопштението на Министерството.

Туск претходно најави дека заедно со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски ќе побара од претседателот на Полска Анджеј Дуда да спроведе промени во повеќето амбасади.

„Во секој случај, ќе имаме многу големи промени во амбасадите“, рече Туск.

Тој нагласи дека тоа „не е одмазда“, туку дека е важно „да се изгради тим лојален на полската држава“.

Новата проевропска влада на Туск вети дека ќе ги врати демократските стандарди во земјата и ќе ги подобри односите со Брисел, истовремено отстранувајќи ги луѓето поврзани со поранешната влада од важни позиции, ослободувајќи ги државните медиуми од политичката контрола

Дуда, кој се уште е лојален на партијата Право и Правда, беше критичен за некои од промените, а неговиот политички конфликт со Туск најмногу се одразува во постапките на новата влада кон двајцата поранешни партиски функционери, Мариуш Камински и Мациеј Васик, кои се во затвор за злоупотреба на положбата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author