22.03.2024 Скопје
Полицијата на Хаити го уби истакнатиот водач на банда Ернст Џулме, познат како Ти Грег, кој побегна од затвор на почетокот на овој месец.
Ернст Џулме бил шеф на криминалната група Делмас 95, која е дел од сојузот на банди предводени од Џими Черизи познат како Роштиљ.
Полицијата го застрела Џулме во населбата Петион-Вил во главниот град Порт-о-Пренс, еден ден откако водачот на друга банда, Макандал, беше убиен од група непријателски криминалци.
Вонредната состојба на Хаити беше воведена на 3 март, откако водачот на бандата Чериција ги повика сите криминални групи да се обединат и да го симнат од власт премиерот на земјата, Ариел Хенри.
Нападите на бандите врз клучните владини објекти започнаа на 29 февруари низ Порт-о-Пренс, при што вооружени криминалци ги запалија полициските станици, го затворија главниот меѓународен аеродром „Тусен Лувертур“ и извршија рација во двата најголеми затвори во земјата, ослободувајќи 4.000 затвореници.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вчера го поздрави изборот на членови на преодниот совет на Хаити, кој треба да ги преземе претседателските овластувања пред најавените избори.
Подготвено од А.Ѓ.