https://www.facebook.com/photo?fbid=10221443486449994&set=a.1520697090784

19.03.2024 Скопје

Осуммина планинари од целата држава викендов, на Шар Планина, ја почнаа првата фаза од обуката со цел да се стекнат со лиценци за планинарски водичи во зимски услови. Обуката ја спроведува Комисијата за планинарски водичи при Федерацијата за планинарство, во планинарскиот дом и на падините на врвот Љуботен на Шар Планина.

Потоа за осумтемина кандидати следува испит, по што почнува приправничкиот статус.

Федерацијата досега има евидентирано 147 регистрирани планинарски водичи за летни услови и 23 за зимски услови. Над 30 отсто од планинарските водичи се жени.

Подготвено од М.Д.

About Author