1027685_policija-makedonija_ls

20.03.2024 Скопје

Во рамки на вчерашната сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија спроведена од 08.00 до 13.00 часот, санкционирани се 149 пешаци од кои 134 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, соопшти  МВР.

За време на контролата се санкционирани и 106 други видови сообраќајни прекршоци.

„Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, наведува МВР.

Подготвено од М.Д.

About Author