
02.03.2024 Скопје
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави дека нема да има победници во нуклеарната војна, затоа Кина ги повикува сите страни да останат присебни.
Мао Нинг истакна дека во јануари 2022 година лидерите на петте држави со нуклеарно оружје издадоа заедничка изјава во која се наведува дека нуклеарната војна не може да се извојува и не може да се почне.
„Кина отсекогаш верувала дека сите држави што имаат нуклеарно оружје треба да се придржуваат до концептот на заедничка безбедност и да одржуваат глобална стратегиска рамнотежа и стабилност“, додаде таа.
Според неа, во сегашната ситуација сите страни мора заедно да работат на ублажување на состојбите и намалување на стратегиските ризици.
„Ги повикуваме сите страни да останат воздржани и да изградат балансирана, ефикасна и одржлива европска безбедносна архитектура преку дијалог и консултации“, заклучи портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.
Подготвено од А.Ѓ.