kumanovoo opshta bolnica

23.03.2024 Скопје

ПЦР метода за детекција на пертусис е воведена во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија надлежните од установата.

Пациентите можат со упат од матичен лекар да се тестираат за ова заболување. – Безболна е методата, се зема брис од грло и нос. Во рок од 24 часа се добиваат резултати.

За неколку дена испитани се 30 пациенти, од нив три пациенти родени 2023, највозрасниот е роден 1976-та година.

Најмладите пациентчиња беа испратени на лекување на Клиника за детски болести, изјави Весна Стефановска, специјалист по микробиологија.

Освен со упат од матичен лекар, се испитуваат примероци од пациенти од општина болница Куманово преку упат од специјалист педијатар. Пертусис се пренесува преку кашлање, кивање.

Единствен резервоар е човекот и исклучиво се пренесува од човек на човек. – Појавата на заболувањето е резултат на невакцинирањето на дечињата. Најдобра превентивна заштитна мерка е вакцината.

Станува збор за капкова инфекција која се пренесува преку кивање, кашлање.

Првата фаза од болеста се карактеризира со кивање, кашлање, солзење очи, течење нос, следува втора фаза на непрестајно кашлање  и трета фаза е  заздравување, појаснува Стефановска.

Инкубацијата е една до две недели од инфекцијата, некаде по десетина дена, две недели пациентот не е заразен, објаснуваат лекарите. Најмногу страдаат најмалите.

Подготвено од М.Д.

About Author