28.03.2024 Скопје
Дел од партиите предизборно на средба со коморите. Од ДУИ денеска ќе се сретнат со претставници на комората на северозападна македонија. Опозицискиот лидер Мицкоски се сретна со првиот човек на стопанската комора Азески.
„Тоа што ние како бизнис заедница, а особено како Стопанска комора го очекуваме од идната Влада е ветување и работа во следните 10 години со акцент на економијата“, рече претседателот на комората, Бранко Азески на средба со делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски. „Очекуваме да оствариме висок резултат на парламентарните и на претседателски избори и да ја формираме следната Влада, а во програмата на Владата дел ќе бидат сугестиите кои што беа дадени од Стопанската комора“, рече Мицкоски.
Претедателот на Стопанската комора Бранко Азески рече дека бизнисот е тој фактор кој може да обезбеди подобра иднина на Република Северна Македонија и особено подобра за младите. Мицкоски во обраќањето рече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучително внимателна дури и конзервативна кога станува збор за давање на ветувања, особено во делот на економијата на која, нагласи, ќе биде ставен акцент.
Подготвено од М.Д.