voda za pienje pri vezhbanje

08.03.2024 Скопје

Кога станува збор за одржување на здрави навики, важно е како го поминуваме утрото бидејќи тоа го одредува ритамот за остатокот од денот.

Тренерите за слабеење се согласуваат дека постои една посебна навика со која многу луѓе кои никогаш не се здебелуваат често го започнуваат денот и ја препорачуваат на секој што се обидува да избегне нездраво зголемување на телесната тежина.

„Јадењето хранлив појадок со висок протеин може да ја намали желбата за храна и да ви помогне да останете задоволни подолго“, изјави тренерката Наталија Васкве.

Значи, појадокот богат со протеини е најдоброто нешто што можеме да си го дозволиме за да го започнеме денот.

„Вашиот прв оброк дава тон на шеќерот и енергијата во крвта, што е поврзано со волјата и донесувањето одлуки“, истакнува тренерот Џејсон Сани.

Сани препорачува појадок кој содржи комбинација од протеини, влакна и здрави масти. На тој начин дефинитивно ќе останеме сити подолго, што ќе ја намали веројатноста за прејадување подоцна во текот на денот. Некои примери вклучуваат овесна каша со јаткасти плодови и овошје, грчки јогурт со бобинки и семки или јајца со тост од цело зрно и авокадо.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author