05.03.2024 Скопје
Храната може да биде поттик за здравствени проблеми. Д-р Џенин Боуринг откри дека постојат три намирници кои можат да бидат особено лоши за мозокот бидејќи содржат транс масти.
„Транс масните киселини негативно влијаат на меморијата и размислувањето, особено кај помладите возрасни лица“, рече таа и препорачува да се внимава со маргаринот, готовите колачи и готови мешавини од колачи и бисквити.
„Ако вашите деца сакаат да ги јадат овие работи, мора да ги избегнувате бидејќи тоа негативно ќе влијае на нивниот мозок и способноста за учење“, предупреди докторот.
Транс мастите не се само лоши за мозокот, туку и за кардиоваскуларниот систем. Дизајнирани да го подобрат вкусот и да го продолжат рокот на траење, транс мастите можат да го зголемат нивото на лошиот холестерол додека го намалуваат добриот холестерол.
Подготвено од А.Ѓ.