12.03.2024 Скопје
Цените на горивата во Хрватска и Црна Гора поевтинија од полноќ.
Од полноќ горивото во Хрватска, вклучително и синиот дизел и бензин, поевтинија за еден до четири центи, освен бензинот кој чини исто.
Како што соопштија од Владата, бензините од полноќ изнесуваат 1,49 евра за литар, а на дизел горивото е пониска за четири центи и изнесува 1,45 евра за литар. Синиот дизел се продава по цена пониска за пет центи и чини 0,91 евро за литар.
Цената на ТНГ за цистерни е пониска за еден цент и изнесува 1,19 евра за килограм, а ТНГ во боци е пониска за еден цент и изнесува 1,75 евра за килограм.
Цените на горивата во Црна Гора се променија од полноќ, па цените на еуродизелот се за четири центи пониски во однос на претходниот период, а мазутот за два центи, додека цените на БМБ 98 и БМБ 95 остануваат непроменети – 1,61 евро, односно 1,57 евра.
Како што соопшти Министерството за енергетика и рударство, цената на нафтата за греење е 1,43 евра, а на еуродизелот 1,48 евра. Новите цени на горивата ќе важат до 26 март.
Подготвено од А.Ѓ.