28.03.2024 Скопје
Уставниот суд вчера ја одржи 10. Седница на која е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформил по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини.
Како што информираат од Уставен, овие предмети ги оформиле поради индиции дека општините излегле надвор од надлежностите преку доделување на можност Советите да даваат автентично толкување на одлуките кои самите ги донесуваат.
Предвидено е гласање и советување за шест предмети, односно донесување на конечни одлуки по предмети за кои Судот веќе дискутирал.
Подготвено од М.Д.