gradina so lalinja holandija

22.03.2024 Скопје

Најголемата градина со лалиња во светот „Кукенхоф“ ги отвори вратите на својата 75-годишнина. Градината е лоцирана во Лисе на западот на Холандија и се простира на 32 хектари засадени со милиони разнобојни лалиња и други цвеќиња.

Оваа градина е популарна атракција во земјата и се очекува околу стотици илјади посетители да им се восхитуваат на цвеќињата од седум милиони цветни луковици. Во 2023 година и се восхитуваа околу 1,4 милиони посетители.

На отворањето накратко протестираа седум членови од еколошкото движење Екстинкшн ребелион. Тие протестираа голи пред портите на паркот против употребата на пестициди при одгледување луковици.

Лидија Стеутел, портпаролка на Екстинкшн ребелион, изјави дека овие прекрасни, шарени полиња кријат огромна штета предизвикана од одгледувањето луковици. Инсектите, птиците и растенијата масовно умираат поради земјоделските токсини.

Градината „Кукенхоф“ е основана во 1949 година од група одгледувачи и извозници на лалиња за да ги изложат своите производи. Покрај туристите од повеќе од стотина земји, привлече и монарси, а неколку кралеви и кралици од европските земји присуствуваа на гала-отварањата низ годините.

Оваа година, златно жолтото лале именувано во чест на кралот Карл Трети ќе биде една од атракциите на изложбата, која ќе биде одбележана и со концерт на холандската оперска пејачка Летиција Жерардс, по повод 75-годишнината на градината.

Градината ќе остане отворена до 12 мај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author