Open balkan clenki

04.03.2024 Скопје

Стартува иницијативата за слободен пристап до пазарот на труд како дел од „Отворен Балкан“. Со ова се отвора можноста граѓаните да може да работат во Албанија или Србија со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури.

Корисникот треба да креира електронски идентитет на својот национален портал за е-управа, а потоа во неколку чекори да генерира свој ИД број на „Отворен Балкан“. Граѓаните на Србија, пак, својот ИД идентификациски број ќе може да почнат да го креираат од утре.

На корисникот веднаш ќе му биде доделен ИД број на „Отворен Балкан“, а на неговата е-маил адреса ќе добие и потврда т.е сертификат за доделениот ИД број во форма на електронски документ.

Заинтересираните граѓанин може да пристапат до електронскиот административен или управен портал на земјата на дестинација и да поднесе барање за слободен пристап до пазарот на трудот.

По проверка на апликацијата се донесува конечна одлука, а најдоцна во рок од 30 дена од датумот на поднесување на барањето. По добивањето на одобрението, заинтересираните граѓани од трите земји на „Отворен Балкан“ може да се вработат, под исти услови како и секој локален граѓанин на државата, до две години, а по истекот на овој рок може да го продолжи одобрението, кое воедно преставува и одобрение за престој и работа.

Подготвено од М.Д.

About Author