bremenost

08.03.2024 Скопје

Новото истражување покажа дека подоцнежната бременост има позитивно влијание врз менталното здравје на мајката.

На жените постојано им кажуваат дека нивниот „биолошки часовник отчукува“, ги охрабруваат и поттикнуваат да забременат пред да биде „доцна“ и слично. Сепак, новото истражување покажа дека доцната бременост има позитивно влијание врз менталното здравје на мајката.

Иако многу истражувања претходно покажаа дека подрастично опаѓање на плодноста не се случува пред 40-тата година и дека не треба да се плашите од неплодност во триесеттите, новото истражување покажа уште една предност на бременоста по 35-тата година. Истражувањето е објавено во списанието на Американското здружение за геријатрија, а истражувачите откриле дека подоцнежната бременост позитивно влијае на мозокот на мајката, односно го спречува губењето на меморијата подоцна во животот.

Истражувањето било спроведено на 830 жени во постменопауза и биле тестирани нивната вербална меморија, функционални вештини и општи перцепции. Истражувачите ја проучувале возраста кога жените ја добиле првата менструација, кога забремениле, бројот на бремености и некои други фактори со цел да го проценат влијанието на бременоста и возраста на жените со нивното ментално здравје.

Тие откриле дека учесниците чија последна бременост била по 35-годишна возраст имале подобра меморија, а оние кои го добиле првиот циклус пред 13-тата година имале подобри општа перцепција. Исто така, истражувањата покажаа дека жените кои го добиле своето прво дете на возраст од 15 до 24 години имале послабо здравје и функционални вештини во четириесеттите години.

Големото зголемување на нивото на хормоните за време на бременоста позитивно влијае на мозокот на мајката, а истражувачите заклучиле дека поради подоцнежната бременост, овие позитивни промени во мозокот траат подолго.

„Иако не е доволно да се советуваат жените да чекаат до 35-тата година за да родат друго дете, нашето знаење за позитивното влијание на бременоста по 35-тата година врз здравјето на мајката подоцна во животот е многу значајно“, исткакна авторката на истражувањето, др. Роксана Карим. Значи, ако некој некогаш ви каже дека вашиот „биолошки часовник отчукува“, само кажете му дека бројките не лажат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author