06.03.2024 Скопје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на хегемонијата на Западот и дојде крајот и дека сега се формира нов светски поредок.
„Заврши хегемонијата на Западот, денес никој не го оспорува тоа и тоа го потврдуваат податоците. Се формира нов светски поредок и ситуацијата мора постојано да се оценува и анализира“, изјави Орбан на средбата со унгарските амбасадори.
Орбан укажа на обидите да се подели светот на геополитички блокови и дека се врши голем притисок врз земјите како Унгарија, кои го штитат суверенитетот.
„За време на членството во блокот има многу ограничен простор за маневрирање, затоа и Унгарија е заинтересирана за членство во ЕУ и НАТО и поделбата на блокови не е во нејзин интерес. Затоа ќе го зајакнеме нашиот сојуз со другите земји кои штитат суверенитет“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер неодамна изјави дека Будимпешта сака да ја зголеми соработката со Москва во сфери кои не подлежат на санкции.
Тој посочи дека по конфликтот во Украина ќе продолжи економскиот живот, а рускиот пазар е важен за Унгарија.
Подготвено од А.Ѓ.