01.03.2024 Скопје
Со цел да се контролира загаденоста на воздухот во близина на Цементарница УСЈЕ АД, Општина Кисела Вода постави мерна станица во парцелата на компанијата, соопштија денеска од Општината.
Се работи за уред кој поседува инструмент од типот Аeroqual AQS-1. Класата на точност за мерење на PM честички е во две мерења и ги опфаќа честичките PM1, PM2.5; PM 10 и TSP. Опсегот на големина на честичките е од 0.1микрометар до 40 микрометри. Мерењата ќе се вршат согласност стандардите и директивите на ЕУ, информира Општината.
„Исполнуваме уште едно ветување од мојата предизборна програма, кое што на нашите жители ќе им обезбеди увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Како локална самоуправа, Општина Кисела Вода прави се што е во рамки на своите ингеренции за на граѓаните да им обезбеди поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни министерства, кои имаат ингеренции над овој индустриски капацитет, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Подготвено од М.Д.