14.03.2024 Скопје
Модерен спортски центар во наредните шест месеци ќе никне на местото на старото спортско игралиште во Реонски Центар – Аеродром. Предвидено е спортското игралиште да добие нова повеќе слојна подлога погодна за терен со вештачка трева.
Проектот вреден 23 милиони денари се реализира како дел од јавно – приватно партнерство меѓу Општина Аеродром и приватна фирма.
Соработката ќе резултира со изградба на репрезентативен спортски центар направен по сите светски стандарди во кој ќе можат да се одржуваат спортски натпревари,нагласи Муцунски.
Подготвено од М.Д.