https://www.flickr.com/photos/jmube/37930051676/in/photolist-fhNfw2-9qGATH-4Ha6Kn-8YWERx-h1LQK5-25Hmvzu-neuu1W-Qgfuzz-e4nVQv-f2exRz-bELySz-e6fJZq-9gam7X-ebWdC5-abH5nB-dWDuzM-22fjXxy-7GcXii-ERwACg-q4i4e-DmDCWd-7Vwehz-2BKTxC-5q5pDd-boLHx-7ioMdj-NzSEa8-HY3SzD-Cu1nLz-4NZr5q-8828KM-5Arsic-8ZriWJ-5WD89s-PFxBrN-9gdbxS-qogvSN-ZMKqUd-h8Jjqi-4VgzMS-NYv19-bUS53G-a2yGEC-8w6UG5-5CL9N-97a8Xq-fZCndE-cNQKw9-NtdwWP-4KFjZ4

15.03.2024 Скопје

Експертите во Јапонија предупредуваат дека ретка, но опасна бактериска инфекција се шири со рекордна брзина во Јапонија, додека пак јапонските власти се борат да ја идентификуваат причината.

Според најновите податоци, бројот на случаи во 2024 година се очекува да ги надмине минатогодишните рекордни бројки, додека расте загриженоста дека најтешката и потенцијално смртоносна форма на стрептококна болест од групата А, стрептококен токсичен шок синдром (СТСС), ќе продолжи да се шири, откако неговото присуство во Јапонија беше потврдено.

„Сè уште има многу непознати фактори во врска со механизмите зад фулминантните (тешки и ненадејни) форми на стрептокока, и не сме во фаза каде што можеме да ги објасниме“, соопшти Националниот институт за заразни болести.

Привремените бројки објавени од НИИД забележале 941 случај на СТСС кои биле пријавени минатата година. Во првите два месеци од 2024 година, веќе се регистрирани 378 случаи, при што инфекции се идентификувани во сите освен во две од 47-те префектури во Јапонија.

Додека постарите луѓе се сметаат за изложени на поголем ризик, сојот од групата А води до повеќе смртни случаи кај пациенти под 50 години, велат од НИИД. Од 65 лица под 50 години на кои им беше дијагностицирана СТСС помеѓу јули и декември во 2023 година, околу една третина, или 21, починале.

Повеќето случаи на СТСС се предизвикани од бактерија наречена streptococcus pyogenes. Попознат како стрептокока А – може да предизвика болки во грлото, главно кај децата, а многу луѓе го имаат без да знаат и не се разболуваат.

Но, високо заразните бактерии кои предизвикуваат инфекција може, во некои случаи, да предизвикаат сериозни болести, здравствени компликации и смрт, особено кај возрасни над 30 години. Околу 30% од случаите на СТСС се фатални.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author