27.03.2024 Скопје
Меѓународната агенција за миграција на Обединетите нации (ИОМ) објави дека во периодот од 2014 до 2023 година на миграциските рути низ светот загинале или исчезнале најмалку 63.285 лица, наведувајќи дека најголем број жртви се удавиле.
Извештајот на ИОМ покажува дека повеќето од загинатите и исчезнатите, од нив 28.854, починале во Медитеранот, потоа во Африка, а потоа во Азија.
Скоро 60 отсто од документираните смртни случаи биле поврзани со давење, а повеќе од една третина од идентификуваните биле од земји опфатени со конфликти како Авганистан, Мјанмар, Сирија и Етиопија.
Податоците на ИОМ покажуваат дека најсмртоносна година за мигрантите во последната деценија била 2023 година, кога биле регистрирани 8.541 смртен случај, најмногу поради наглото зголемување на несреќите на мигрантските рути во Средоземното Море.
Извештајот покажува дека во 2023 година, најмалку 729 луѓе загинале крај брегот на Тунис, во споредба со 462 во 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.