15.03.2024 Скопје
Консултантската агенција Галуп, која го спроведува истото истражување со 12 прашања до возрасните вработени од 2001 година, наведува дека уделот на оние кои се убедени дека ќе остануваат на истото работно место повеќе од една година достигнал врв од 78 проценти во 2018 година и оттогаш континуирано паѓа.
Енцо Вебер од Нирнбершкиот институт за истражување на пазарот на трудот и професионалните истражувања се согласува со оценката дека германските граѓани се повеќе сакаат да ги променат работните места.
Луѓето ги користат добрите можности на пазарот на трудот, објасни Вебер.
Дополнително, незадоволството од моменталната работа или промената на околностите, како што е дигитализацијата, која го стимулира нивниот апетит за наоѓање нешто подобро, исто така може да придонесе за подготвеноста за промена на работата.
„Тоа е нешто што се случува за време на трансформациите. Не би рекол дека тоа е знак за предупредување“, рече Вебер.
Истражувањето укажува на пад на лојалноста кон работодавецот во Германија – сега речиси една петтина, 19 отсто од испитаниците велат дека немаат емоционална врска со компанијата – ова е највисоко од 2012 година.
Екстраполирано на сите возрасни вработени во Германија, тоа се 7,3 милиони луѓе подготвени да се откажат во секое време, проценува Галуп.
Во исто време, само 40 отсто од испитаниците изразиле целосна доверба во деловната иднина на компаниите во кои работат. Тоа е удел и во долгорочниот пад.
Подготвено од А.Ѓ.