amerikanska vojska

12.03.2024 Скопје

Американскиот амбасадор во Варшава, Марк Бжежински, изјави дека Америка распоредила повеќе од 10.000 свои војници во Полска.

„Во моментов ширум Полска се стационирани повеќе од 10.000 американски војници. Тие обучуваат и учествуваат во вежби заедно со полската армија“, изјави американскиот дипломат.

Бжежински исто така рече дека тенковите Абрамс, борбените авиони Ф-16 и ракетните системи ХИМАРС испорачани од САД се „многу важни за одбранбената способност на Полска и Северноатлантската алијанса“.

САД имаа околу 5.000 војници во Полска до февруари 2022 година, а потоа го удвоија својот воен контингент.

Во март 2023 година, полското Министерство за одбрана објави дека Полска ќе биде домаќин на првата постојана база на американската армија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author