PISTOL

16.03.2024 Скопје

Голем грабеж вчера е извршен во Куманово кога бил нападнат сопственик на менувачница кој се враќал дома кон населбата Карпош (Рајкова Куќа). Според првичните информации, разбојниците ја  следеле жртвата, па на улицата Доне Божинов веднаш по излезот од градот каде што нема куќи се судриле намерно во неговото возило, пукале и го ограбиле 63-годишниот кумановец.

„На 15.03. 2024 година во 20.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Доне Божинов” во Куманово патничко моторно возило “ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удрило во патничко моторно возило “пасат” со кумановски регистарски ознаки управувано од С.С.(63) од Куманово. При што неколку лица пукале кон возачот на патничкото моторно возило “пасат”  и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле патничкото моторно возило “ренџ ровер”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Разбојниците избегале кон населбата Рајкова куќа каде го запалиле џипот во близина на надвозникот кај хотелот „Сателит“ и побегнале со друго возило. Местото каде е е најден запален автомобил е блиску до излезот на патот кон Крива Паланка, како и до излез на автопатот Табановце-Куманово-Скопје.

За време на увидот, сообраќајот кон населбата Карпош, во Куманово позната и како Рајкова куќа се одвиваше отежнато и многу споро поради големото присуство на службите за брз одговор, односно на полициски тимови, пожарникарски возила и Итна помош.

Подготвено од М.Д.

About Author