20.03.2024 Скопје
Државната комисија за спречување корупција по сопствена иницијатива оформи предмет за Младинскиот културен центар. Ќе бидат преземени дејствија за утврдување на фактичката состојба.
„Постапувањето по предметот е во тек. Постапувајќи согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и Деловникот за работа, ДКСК ќе ги преземе сите дејствија за утврдување на фактичката состојба и носење на соодветна одлука“, соопштија од ДКСК.
Комисијата истражува откако од 1 март директорот на МКЦ, Арбен Шаќири, не ги продолжи договорите на дело на 30 претходно ангажирани лица, со што дел од програмата на установата времено е запрена. Овој потег Шаќири го правдаше со добиеното известување од ДКСК, во кое се сугерирало дека согласно Изборниот законик, во изборен процес е противзаконски да се склучуваат договори со коишто се злоупотребува буџетот.
Подготвено од М.Д.