19.03.2024 Скопје
Министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи, информира дека за две години од неговиот има протерано 17 руски дипломати од земјава.
Тој истакнал дека само во последните две години 17 руски дипломати од Република Северна Македонија биле прогласени за персона нон грата.
Министерот за надворешни работи ги образложи и споменатите одлуки во изминатите две години кога станува збор за руските дипломати во Скопје.
„Знаете ли зошто ги протерав? Затоа што ги фатив како директно комуницираат со луѓе во важни институции“, истакна Османи.
Подготвено од М.Д.