https://www.facebook.com/photo.php?fbid=566896998137474&set=pb.100044515356135.-2207520000..&type=3

19.03.2024 Скопје

Се зголемуваат количините на земјоделски производи што ги увезуваме. Земјоделците велат дека домашното земјоделство е уништено, површините се преполовени и дека од извозници на пиперки, домати, зелка… сме станале увозници. Порано со камиони извезувавме домати и пиперки во Србија, Хрватска, Словенија, а сега наместо домашни, јадеме увозни од Албанија, Грција, Турција.

Земјоделците велат дека ако сме имале правилна стратегија во последниве 30 години, немало да дојдеме до ова дереџе – држава што ја снабдувала цела поранешна Југославија со храна сега да биде увозно зависна.

Земјоделците велат дека ако сме имале правилна стратегија во последниве 30 години, немало да дојдеме до ова дереџе – од држава што ја снабдувала цела поранешна Југославија со храна сега да бидеме увозно зависни. Увозот на храна последниве години постојано се зголемува, а нивите зјаат празни.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека веќе со години производството е околу 250.000 тони, а годишните потреби во Република Северна Македонија се околу 330.000 тони. Производството се намалува, а недостигот од пченица и од брашно се дополнува од увоз, најчесто од Србија.

Подготвено од М.Д.

About Author