01.03.2024 Скопје
Во извештајот на Обвинителството на ЕУ за своите активности минатата година се наведува дека во Бугарија се водат 205 истраги поради сомнение за измама со 884,9 милиони евра од европскиот буџет.
Податоците од извештајот покажуваат дека во 2023 година биле отворени 107 нови истраги за 405,2 милиони евра и во оваа бројка пет инспекциски надзори се за измама со ДДВ со вкупна вредност од 28,2 милиони евра.
Во извештајот се додава и дека минатата година не е издаден ниту еден налог за заплена на имот. Во истиот период без последици завршиле 16 увиди, а материјалите во 14 случаи се предадени на бугарскиот суд.
Според инспекциите на Европското обвинителство, минатата година во Бугарија биле отворени четири предмети, но немало ниту една правосилна судска одлука и ниту еден не е осуден.
Од вкупно 225 пријави за сомневање за злоупотреба, 163 се поднесени од надлежните во Бугарија, 13 се од институции на ЕУ, 47 се од граѓани.
Податоците покажуваат и дека половина од инспекциските контроли се однесуваат на предмети кои не се однесуваат на јавни набавки, речиси една третина се поврзани со сомневања за трошење со јавни средства, околу три проценти се поврзани со затајување ДДВ, шест проценти се поврзани со сомневања за корупција.
Според извештајот на Обвинителството на ЕУ, најголемиот број истраги се однесуваат на работа со средства од европскиот буџет за кохезија, а потоа следат случаи поврзани со програми во земјоделството.
Канцеларијата на европското јавно обвинителство покрена над 330 истраги во ЕУ минатата година.
Подготвено од А.Ѓ.