25.03.2024 Скопје
Обилните дождови во Бразил викендов однесоа најмалку 23 животи меѓу југоисточните држави Рио де Жанеиро и Еспирито Санто.
Владата на Еспирито Сантос соопшти дека 15 луѓе загинале, а речиси 5.000 се раселени поради обилните дождови од петокот вечерта.
Властите во Рио де Жанеиро досега пријавија осум смртни случаи.
Градоначалниците и гувернерите на југоисточниот регион на Бразил од четвртокот ги предупредуваат жителите на потенцијални временски проблеми за време на викендот.
Подготвено од А.Ѓ.