29.03.2024 Скопје
Новиот претседател на Аргентина објави дека има замрзнато повеќе јавни проекти кои биле во тек, како и дека има скратено дел од финансирањето на повеќе провинциски власти и има избришано над 200.000 приматели на социјална помош кои тој ги етикетира како корумпирани.
Во следните неколку месеци, аргентинскиот претседател Мајли ќе отпушти околу 70.000 вработени во државната администрација со што би ги намалил трошоците што ги има аргентинската држава.
Целта на сите овие мерки е да крајот на годинава да се постигне фискален баланс.
Иако бројката од 70.000 звучи страшно, се работи за само мал дел од вкупно 3,5 милиони лица вработени во јавниот сектор на земјата. Сепак се очекува дека Мајли со оваа одлука ќе има сериозни проблеми со работничките синдикати и дека таа би можела да го загрози неговиот рејтинг.
Подготвено од А.Ѓ.