18.03.2024 Скопје
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва кај Никшиќ.
Земјотресот е регистриран во 21:32 часот, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на пет километри западно од Кароѓе, во општина Никшиќ на границата со Босна и Херцеговина.
„Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (фокусот) беше 3,0 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентрален интензитет од пет степени според Меркалиевата скала. Фокусот на овој земјотрес беше лоциран на длабочина од 11 километри“, соопшти Институтот за сеизмологија.
Овој земјотрес не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.
Подготвено од А.Ѓ.