https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

19.03.2024 Скопје

„2.252 лица примале минимална гарантирана помош и социјална пензија иако таа не им следувала“ обвинува техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Тој појасни дека еден од условите за добивање на таа помош е да не се поседува возило, но дел од граѓаните иако имале возило аплицирале и добиле помош. На документите навеле дека немаат возило, но инспекциските служби сега го утврдиле спротивното.

Велковски смета дека во ова се вклучени повеќе сторители и се надева дека набрзо ќе бидат откриени бидејќи со овие незаконски исплати државниот буџет е оштетен за повеќе од 18 милиони денари месечно.

Од кабинетот на дополнителната заменичка министерка Јована Тренчевска ги демантираат сите обвинувања на Велковски. Велат дека до денес сите случаи каде што е утврдено дека корисникот дал лажни инфрмации за поседување на имот, правото на социјална заштита се укинува и корисникот ги враќа парите.

Право на гарантирана минимална помош и на социјална пензија може да добијат материјално необезбедени домаќинства кои немаат во сопственост имот и имотни права од кои можат да се издржуваат.

Подготвено од М.Д.

About Author