09.03.2024 Скопје
Податоците на американската влада покажуваат дека невработеноста меѓу афроамериканските жени во САД се намали во февруари, бидејќи се зголеми бројот на вработени и жени кои бараат работа.
Тој процент падна на 4,4 отсто од 4,8.
Вкупната стапка на невработеност во САД се зголеми минатиот месец на 3,9 отсто од 3,7 отсто во јануари, според податоците објавени од Бирото за статистика на трудот на САД.
Се додава дека уделот на возрасни жени на возраст од 20 и повеќе години во работната сила го следел тој тренд, при што стапката на невработеност се искачила на 3,5 отсто од 3,2.
Вкупниот број на невработени во Соединетите Американски Држави се зголеми за 334.000 месечно на вкупно 6,5 милиони, објави на својата веб-страница американското Биро за статистика на трудот (BLS).
Подготвено од А.Ѓ.