26.03.2024 Скопје
Убиецот на 67-годишниот матичен лекар од Скопје сѐ уште е непознат за јавноста, но истрагата е во напредна фаза.
Од полиција информираат дека се прегледани повеќе од четириесет камери, вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град. Извршени се и службени разговори со повеќе од петнаесет лица.
Потрагатата по одговорите за убиството трае веќе четврти ден. Матичниот лекар бил убиен со девет убоди од остар предмет, непосредно пред својата ординација, кај поликлиника „Железара“.
Подготвено од М.Д.