marko-bislimovski

26.03.2024 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги преземе сите механизми за да има стабилна ситуација со цената на парното имајќи ги во предвид цените со природниот гас на берзите во Европа, порача денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и додаде дека во никој случај нема да поскапи парното за домаќинствата.

„Во ниту еден случај нема да дојде до никакво поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, единствено може да дојде до намалување во зависност дали ќе има субвенции, дали ќе нема. Во текот на јули вообичаено ние ќе ја донесеме таа одлука. Можевме и сега да носиме популистичка одлука, кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме да им се помогне пред сѐ на овие потрошувачи кои во текот на енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани“, рече Бислимоски.

Бислимовски уште кажа дека во првата укажана можност РКЕ ја намалила за 35 проценти цената за сите недомаќинства коишто се приклучени на системот за топлинска енергија во Скопје „заради очигледно намалени трошоци за набавка на природен гас“.

„Во наредниот период ќе ја следиме ситуацијата со цената на природниот гас и ќе видиме како понатака тоа ќе се одрази. Загрижува фактот што ТЕ-ТО дава нешто помалку од тоа што сме го предвиделе да го дава на мрежа, но понатака како ќе проаѓа времето ќе анализираме, ќе имаме состаноци со ТЕ-ТО и со ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија да видиме што било причината за тоа“, нагласи Бислимоски.

Подготвено од М.Д.

About Author