13.03.2024 Скопје
Дождот во понеделникот, доста силен на истокот на Словенија, кој зафати и дел од Хрватска, ги изненади и метеоролозите. До пред два дена ова не го предвидуваше ниту еден метеоролошки модел. Што се случи?
Обилните дождови не беа предвидени со ниту една моделска прогноза, напиша метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Х и дождот го опиша како „нелегален“.
Посебно беше изненадувачки што врнежите зафатија толку голема површина, бидејќи дожд практично врнеше во Словенија, со исклучок на Приморска, но и во соседните земји. Изненадувачка беше и количината на врнежи, бидејќи на исток наврнаа и до 60 милиметри дожд.
Причина за тоа беше непредвидливото движење на медитеранскиот циклон. Прогнозите укажуваа дека ќе се движи подлабоко над Балканот, но потоа почна да се враќа.
„Тоа беше хаотично движење на јадрото на студениот воздух“, рече тој.
Меѓутоа, метеорологот веќе во објава на мрежата Х напиша дека ваквите грешки во метеорологијата се многу ретки.
„Ова се случува неколку пати во годината, особено во лето, кога времето е многу подинамично поради различните услови“, вели метеорологот.
Денес се користат неколку модели за временска прогноза, кои веќе се доста моќни и сигурни, особено кога се прогнозира ден или два однапред.
Не би било лошо ако во временската прогноза се вклучи и веројатноста за врнежи во проценти, рече Штер.
Ваквите прогнози се веќе многу добри. Меѓутоа, времето е динамична и нелинеарна или хаотична појава која понекогаш е тешко точно да се предвиди, особено долгорочно, особено во земји со нерамномерно земјиште и клима како нашата.
Затоа – не се вознемирувајте премногу ако временската прогноза е погрешна.
Подготвено од А.Ѓ.