https://www.facebook.com/photo.php?fbid=318937450414953&set=pb.100068961018275.-2207520000..&type=3

15.03.2024 Скопје

Измените во Законот за игри на среќа не минаа на второто гласање во рамки на продолжението на собраниската седница. За овој закон гласаа 51 пратеник, а беа потребни 61.

Здруженијата на приредувачи на игри на среќа и на спортските обложувалници веќе подолг период предупредуваа дека овие измени се проект на само една партија, отворено алудирајќи дека е тоа ДУИ и дека ќе остави илјадници граѓани без работа. Собранието во февруари ги усвои овие измени поднесени со европско знаменце, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот.

„Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14 мај 2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас ЗА, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас ЗА, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон“, соопштуваат од Собранието.

Како што наведуваат од кабинетот на спикерот, „констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за Законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој Закон во редовна постапка“.

Подготвено од М.Д.

About Author