https://api.ndla.no/image-api/raw/1024px-flag_of_nato.svg_.png?

19.03.2024 Скопје

Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО алијансата. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море.

Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-та воздухопловна база Михаил Когалничеану на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има периметар од речиси 32 километри, ќе се простира на околу 17 квадратни километри и ќе биде дом на околу 10.000 членки на НАТО и нивните семејства.

Започнати се работите на основната инфраструктура на базата, како што се пристапните патишта и електричната мрежа. На крајот, изградбата на неколку нови писти се очекува да ги поддржи операциите на различни видови воени авиони.

Николае Крецу, командант на воздухопловната база, рече дека ќе има „хангари за одржување, складирање гориво, муниција, опрема, аеротехнички материјали, симулатори, капацитети за хранење, сместување и се што е потребно за поддршка на операциите и мисиите на оваа база“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author