Naser-Ziberi

01.03.2024 Скопје

Промената на личните документи ќе биде една од темите на денешниот брифинг со медиумите што ќе го одржи народниот правобранител Насер Зибери.

Како што најави Канцеларијата на Народниот правобранител, на брифингот ќе стане збор и за ставот на институцијата за непочитувањето на измените на законите за облигациони односи и за извршување од страна на извршителите во делот на застарување и наплатата на каматата и други проблеми поврзани со ова прашање.

Подготвено од М.Д.

About Author