25.03.2024 Скопје
Сања Божиновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ при презентација на програмата „Платформа #1198“ изјави дека иако моментално во министерството за економија постои сектор енергетика, како што гледаме не е функционален, немаме изградени нови енергетски капацитети и затоа во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено формирање на ново министерство за енергетика и минерални суровини со истакнати кадри и носители на стратешките проекти.
Ова министерство ќе соработува со најголемата компанија ЕСМ. Понатаму ВМРО-ДПМНЕ планира да ја намали зависноста од увоз на електрична енергија, Република Северна Македонија мора сама да изгради енергетски капацитети за да имаме континуирано и одржливо производство на електрична енергија. Планираме модернизација на РЕК Битола, како и изградба на две когенеративни централи за гас, што значи во исто време ќе се снабдуваме и со топлинска и со електрична енергија, а предвидена е и гасификација. Од обновливите извори има план за изградба на ветерни паркови, потенцираше Божиновска.
Елена Маркова истакна дека во изминатите години, ВМРО-ДПМНЕ интензивно работеше за да изготви програма за развој на енергетиката која што ќе значи развиена енергетика која после тоа ќе повлече и развиена економија на државата, посочувајќи дека првата работа на која што ВМРО-ДПМНЕ детално ќе посвети внимание е јакнење на енергетскиот сектор, посебно на компаниите во државна сопственост.
Се обврзуваме дека прво што ќе направиме ќе ја укинеме онаа давачка од 200 денари за пристап на мрежа, која што е незаконска и е воведена од власта во заминување, на почетокот од оваа година. Верувам дека со ова значително ќе се подобри домашниот буџет на секое домаќинство. Се обврзуваме дека ќе изградиме државни енергетски капацитети за производство на електрична енергија. Втора многу важна работа, се обврзуваме дека ќе ја модернизираме РЕК Битола, кој што е постоен капацитет и кој што во последните години беше заборавен и ставен на маргините како извор криминални тендери. Нашата цел е РЕК Битола и технички и технолошки да го модернизираме, да ги подобриме перформансите на производство, меѓутоа и да го намалиме загадувањето. Исто така, планираме отворање на рудникот Живојно со вел, додека е технолошкиот векот на траење на оваа постројка, да може да користиме наш домашен јаглен, кој што е со извонреден квалитет, со оглед на техничките перформанси на постројката. Се обврзуваме да го модернизираме и ТЕЦ Осломеј за што, уште во првите сто дена ќе одлучиме на кој начин, дали ќе премине како постројка на гас, дали ќе работи на домашниот јаглен или пак ќе работи на увозен јаглен“, истакна Маркова која додаде дека одржливата, базна и домашна енергија ќе биде приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Подготвено од М.Д.